Терористички напад во Њујорк, Дете-бомбаш се разнесе во Кабул, Пучдемон се јави од Брисел...

РУСИЈА - Каскадерката Викторија Колесникова минува низ оган за да го тестира најновиот воен часовник наменет за армијата на Русија. На тестирањето, од руската фирма-производител на часовникот, потенцирале дека моделот е отпорен дури и на последици од нуклеарни експлозии.

САД - Полицајци и помагаат на жена повредена во терористичкиот напад на Менхетен во Њујорк. Во нападот, во кој маж со возило газеше луѓе на велосипедска патека во Долни Менхетан, загинаа осуммина, потврди њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио. Полицијата по нападот го застрела напаѓачот.

АВГАНИСТАН - Најмалку тројца загинале, а над 15 биле повредени во самоубиствен бомбашки напад во дипломатската зона Вазир Акбар Хан, во Кабул, Авганистан. Портпаролот на полицијата во Кабул рече дека бомбашот-самоубиец бил на мотор и имал 12 или 13 години. Одговорноста за нападот ја презеде исламска држава.

САД - Највисоките советници за национална безбедност на претседателот Донал Трамп побарале Конгресот да не ѝ ги укинува овластувањата на Белата куќа во војната против Исламска држава и другите милитантни групи. Републиканците и демократите со години се расправаат за тоа дека Конгресот ѝ отстапил преголем авторитет на белата куќа во распоредувањето на американските сили по нападите на 11 септември 2001 година.

УКРАИНА - Украински полицајци го обезбедуваат местото каде беше убиена Амина Окујева, сопругата на Чеченецот обвинет од руските власти за заговор за убиство на рускиот претседател Владимир Путин. Во нападот бил ранет и Адам, кој во 2012 година беше обвинет од руските власти дека планирал да го убие Путин. 

БЕЛГИЈА - Разрешениот каталонски лидер Карлес Пучдемон на прес конференција во Брисел, Белгија. Пучдемон оттаму негираше дека бара азил од Белгија и реше дека ќе се врати дома кога ќе добие гаранции од шпанските власти.

ТУРЦИЈА - Конвој турски воени возила кај граничниот премин Ибраим Ал Халил. Ирачките владини сили ја презеле контролата над овој главен граничен премин со Турција во ирачкиот курдски регион, по што граничните контроли ќе ги спроведуваат ирачки и турски претставници. Ирачките сили на преминот го симнаа курдското, а го поставија ирачкото знаме.

АВГАНИСТАН - Авганистански момчиња фотографирани на училишен час во градот Бадакшан. Според авганистанското Министерство за образование, 39 проценти од 10-те милиони ученици во Авганистан се девојчиња, но и покрај тоа, речеси пет милиони деца, најмногу девојчиња, се оневозможени да одат во училиште.