Дачиќ: Србија треба да се насочи кон Трамп

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека нема ништо ново во пораките на американскиот дипломат Брајан Хојт Ји, но оти ова било за прв пат некој јасно да и каже на Србија дека не може да седи на „две столчиња“. Според Дачиќ, Србија треба да се насочи кон претседателот и потпретседателот на САД Доналд Трамп и Мајк Пенс, а не кон претставници на Стејт департментот. „Јас не знам што тој очекува од нас, но ние нема да направиме политичко убиство, бидејќи тој сака ние да се убиеме сами така што ќе ги налутиме нашите пријатели и сојузници, оние кои утре ќе поднесат вето во СБ на ОН, бидејќи САД сигурно тоа нема да го сторат“, рече тој за Радио Телевизија Србија, додавајќи: „Да се насочиме кон оние што ја креираат политиката на САД“. Дачиќ додаде дека треба да се работи на тоа тие подобро да ги запознаат состојбите во регионот.