НАТО ќе го контролира воздушниот простор над Црна Гора

Знамиња на Црна Гора и НАТО.

Грција и Италија, како членки на НАТО, ќе го контролираат воздушниот простор над Црна Гора, изјави денеска црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.

Тој посочи дека Црна Гора годишно дава по 475.000 евра за членство во Алијансата, и тоа е единствената обврска која земјата ја има кон НАТО.