Тимоние се досадувал на изборите, Херварт уби шестмина, Нова противкандидатка на Путин...

Јас вчера бев набљудувач и најчесто во текот на денот се досадувавме. И бев среќен што се досадувавме, изјави францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, оценувајќи дека изборите биле мирни, а Македонија покажала дека е одговорна земја. Тој, како што јави државната агенција МИА, ова го изјавил на Дипломатскиот форум на Факултетот за безбедност во Скопје.

РУСИЈА - Руската новинарка, ТВ водителка и сопственичка на адвокатка канцеларија,  на адвокатска канцеларија, Екатерија Гордон (37), најави дека планира да се кандидира на претседателските избори во Русија во март 2018, за кои до сега извесен кандидат е само актуелниот претседател Путин. Претходно кандидатура најави и познатата водителка и активистка Ксенија Собчак, ќерка на поранешниот шеф и ментор на Путин, Анатолиј Собчак.

Поранешниот шеф на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт (лево), пред пристигнувањето во седиштето на ФБИ. Тој им се предал на федералните власти во врска со истрагата на специјалниот советник Роберт Милер за наводното руско мешање во претседателските избори во 2016 година и евентуалниот дослух со соработници на Трамп. Манафорт ги отфрли обвиненијата.

ГЕРМАНИЈА - Германски пожарникари се подготвуваат да извадат автомобил смачкан од дрво откорнато во големото невреме што ја зафати Германија. Бурата Херварт, која покрај Германија фи зафати и Полска и Чешка, загинале најмалку шест лица, а причинета е голема материјална штета, објавија светските агенции, повикувајќи се на извештаите на германските локални медиуми.

ИРАК - Демонстранти пред Парламентот на ирачките Курди во Ербил. Тие првин протестираа, а потоа, гневни од одлуката на курдскиот претседател Масуд Барзани да поднесе оставка по референдумот за независност, упаднаа во Парламентот.

НОРВЕШКА - Фотографија, снимена под вода, од рускиот хеликоптер кој исчезна во арктичкиот архипелаг Свалбард. Хеликоптерот кој пред два дена беше пријавен дека исчезнал бил пронајден на морското дно. Се чека официјална потврда за жртвите.

РУСИЈА - Жена закачува цвеќиња на портрет на жртва на сталинистичката диктатура во поранешен СССР. Стотина Руси се собраа во шумата на излезот од Санкт Петерсбург во која биле запалени телата на нивни роднини убиени како непријатели на режимот на советскиот диктатор Сталин.

ГРУЗИЈА - Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и казахстанскиот претседател Бакистан Сигинатиев влечат железнички рачки како свртничари на шини во Азербејџан. Тие симболично ја пуштија во употреба новата регионална железничка линија Баку - Тбилиси - Карс.

ЛАТВИЈА - Тенк ПТ-91 на полската армија демонстрира тактичка акција на полигон во близина на Адази во Латвија. Во оваа балтичка земја два дена се одржува голема воена вежба на НАТО во која учествуваат армиите на 11 членки на Алијансата.