Во САД можни први апсења во врска со истрагата за руското мешање

Роберт Милер специјалeн советник кој го истражува руското мешање во претседателските избори во САД

Американските медиуми јавуваат дека првите апсења во истрагата на специјалниот советник Роберт Милер во врска со руското мешање во претседателските избори во САД би можело да случат денеска. Повеќето извештаи, цитирајќи анонимни извори, наведуваат дека федералната Голема порота го одобрила обвинувањето и дека тоа денеска би можело да и биде објавено на јавноста. Милер е назначен од Министерството за правда да ги истражува сомневањата за руското мешање во изборите лани и за можните врски на Москва со изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп. Тој постојано ги отфрла ваквите наводи.