МВР: Нема сериозни нарушувања на изборниот процес

Министерството за внатрешни работи засега нема регистрирано сериозни нарушувања на изборниот процес. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција соопшти дека МВР регистрирало одредени неправилности кои се однесуваат на три случаи на фотографирање на гласачко ливче и тоа во општините Шуто Оризари, во Црниче и во Пробиштип. Забележано е и едно нарушување на јавниот ред и мир во општина Шуто Оризари каде што едно лице пријавило дека било нападнато од неколку други лица. Полицијата привела едно лице и работи на расчистување на случајот.

Од МВР апелираат до политичките партии да се воздржат од инциденти, зошто тоа нема да го толерираат, а истовремено упатија и апел до граѓаните кои ќе забележат каква било неправилност или нарушување на јавниот мир и безбедност, тоа да го пријават во најблиската полициска станица.