МОСТ регистрира неправилности во текот на гласањето

Семејно гласање, присуство на неовластено лице и фототграфирање гласачки ливчиња, се само некои од нерегуларностите што ги регистрира Граѓанската асоцијација МОСТ на денешното гласање во вториот круг од локалните избори. Како што соопшти Златко Димитриоски на прес-конференција, на гласачкото место 1471 во Дебреште, Општина Долнени, евидентирани се девет случаи на семејно гласање, 27 гласови се злоупотребени во гласачкото место 1472 во село Лажани, Општина Долнени, а на гласачкото место 0888 во село Видовиште, оштина Зрновци, тројца гласачи биле обележани со мастило на левата, наместо на десната рака.