Шпанија ја презеде контролата над каталонската влада

Шпанија презеде директна контрола над Каталонија и ја отпушти својата сепаратистичка влада. Мерките стапија на сила неколку часа откако регионалниот парламент на Каталонија прогласи независност на 27 октомври. Премиерот Маријано Рахој, кој сега го заменува каталонскиот претседател Карлос Пуџдемонт како врвен донесувач на одлуки во североисточниот регион, го распушти регионалниот парламент.
Рахој побара регионалните избори да се одржат на 21 декември.
Шпанската влада, исто така, го разреши оперативниот шеф на регионалните полициски сили на Каталонија, Јосеф Луис Траперо, објави официјалниот државен весник денеска.
Засега нема директен одговор од високите каталонски функционери.
По гласањето за независност на регионалниот парламент, илјадници лица во Барселона излегоа на централниот плоштад за да ја прослават декларацијата, при што многумина повикаа на отстранување на шпанското знаме од врвот на каталонската владина палата. Стотици антисепаратистички демонстранти, исто така, излегоа на улицитесо шпански знамиња. Повеќе демонстрации се очекуваат денеска, на митингот "За единството на Шпанија и Уставот" што ќе се одржи во Мадрид.