Времето денеска студено и ветровито

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со повремен локален дожд, особено во западните и југозападните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег. Утринската температурасе движи од пет до 11, а дневната ќе опадне за околу осум степени и ќе се движи од девет до 16 степени. Во Скопје, претпладне облачно со повремен дожд, а попладне променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од осум до 13 степени.