Шпанскиот Сенат го овласти Мадрид да преземе директна контрола над Каталонија

шпанскиот премиер Маријано Рахој, Мадрид,

Шпанскиот Сенат ја овласти централната влада во Мадрид да преземе директна контрола над Каталонија веднаш откако пратениците на автономниот регион прогласија независност. Шпанскиот Сенат денеска гласаше во корист на дозволувањето на Мадрид да ја преземе контролата врз Каталонија, да го обезвалсти Карлес Пучдемон како регионален претседател и да ги отстрани останатите негови извршни директори. Премиерот Маријано Рахој свика состанок на кризниот кабинет за 18 часот. Овој потег дојде кратко време откако парламентот на Каталонија со 70 гласа за и 10 против гласаше во корист на поделбата од Шпанија. Гласањето го бојкотираа опозициските пратеници. Во каталонските движења се бара да започне процес на независност, кој вклучува изготвување на нови закони за регионот и отворање на преговори "на рамноправна основа" со Мадрид за воспоставување на соработка. Каталонија на 1 октомври го одржа референдумот за независност кој Мадрид го нарече нелегален и на кој ѝ се спротивстави и Европската унија. Пратениците од Каталонија рекоа дека над 90 отсто од гласачите гласаа за независност на референдумот.