Каталонија прогласи независност, Борисов го советува Западен Балкан како најбрзо во ЕУ, Казахстан ја исфрла кирилицата...

ШПАНИЈА - Илјадници Каталонци го прославуваа прогласувањето на независноста на Каталонија. На гласањето за незвисноста во регионалниот Парламент, 70 партеници гласаа во корист на формирање независна Каталонска република, а пратениците одлуката ја поздравија со аплаузи. Против беа 10 пратеници, а две гласачки ливчиња беа празни.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Бугарскиот премиер од Сараево со препорака до земјите од Западен Балкан како до побрза интеграција во ЕУ. Политичките елити на земјите од Западен Балкан треба претходно да ги решат споровите со другите држави од регионот за да бидат примени во ЕУ, порача Бојков од Сараево, каде беше во официјална посета.

КАЗАХСТАН - Илустрација на новата латинична казахстанска азбука во еден од дневните весници во Казахстан. Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев го потпиша указот со кој се уредуваат плановите земјата да го напушти кириличното писмо и официјално писмо на казахстанскиот јазик да стане латиницата.

ПАКИСТАН - Пакистанки чекаат во редица за да гласаат за нов пратеник од градот Пешвар. Вонредните избори за пополнување на испразнетото место во пакистанскиот Парламент беа спроведени по смртта на пратеникот Гулзар Кан.

РУСИЈА - Руски војници вежбаат за големата воена парада која ќе се одржи на 7 ноември, пред ѕидините на Кремљ. Со оваа парада ќе биде одбележана 76-годишнината од историската парада на руската Црвена армија која 1941 година марширала пред Кремљ тргнувајќи на пат кон првата фронтовска линија против тогашната нацистичка германска војска.

УКРАИНА - Активисти за човекови права со транспаренти протестираа пред Амбасадата на Русија во Киев, Украина. Тие бараат да бидат пронајдени неколкуте стотици лица кои се водат како исчезнати во воениот конфликт на Крим.

ТУРКМЕНИСТАН - Деца облечени во традиционална тркменистанска народна носија танцуваат во центарот на Ашгабат. Тие беа дел од големата парада по повод 26-годишнината од независноста на Туркменистан.

УКРАИНА - Деца во народна носија пеат на Меѓународниот аеродром во Киев. Тие беа дел од делегацијата која го пречека познатиот активист Илми Умеров, кој остро и се спротивстави на Москва за руската анексија на Крим, по што беше осуден од рускиот Суд. Умеров неодамна излезе од затвор.

РОМАНИЈА - Татко му помага на својот син да ги бакне златните мошти на Свети Димитрие Басаров за време на заедничката богослужба на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил и патријархот на Романската православна црква, Даниел. Стотици Романци се собраа во Патријархиската катедрала во Букурешт, по повод посетата на поглаварот на Руската православна црква на Романија.