Шпанскиот сенат решава за автономијата на Каталонија

шпанскиот премиер Маријано Рахој, Мадрид, 18.10.2017.

Горниот дом на шпанскиот парламент Сенатот денеска треба да гласа за барањето на премиерот Маријано Рахој за преземање на надлежностите на Каталонија за да се спречи независноста на тој регион. Истовремено во Барселона ќе продолжи седницата на каталонскиот парламент. Претседателот на Каталонија Карлес Пучдемон вчера изјави дека е против вонредни регионални избори бидејќи не добил гаранции од шпанската влада оти во таков случај ќе се откаже од укинувањето на автономијата на Каталонија. „Од сега на каталонскиот паралмент е да ги одреди последиците на примената на членот 155 од Уставот против Каталонија кои овозможува укинување на автономијата на овој регион“, рече Пучдемон.