Руски хелихоптер паднал во море во Норвешка

Илустрација - Руската рударска населба Барентсбург

Руски хелихоптер со осуммина паднал во море во норвешкиот архипелаг Свалбард во Арктикот, информираа норвешките спасувачки екипи. Засега немаат информација за дали има преживеани.

Хелихоптерот летал кон Барентсбург, каде што има руски рудник, и паднал околу три километри пред да стигне до дестинацијата.

„Знаеме само дека паднал во море. Не знаеме дали било контролирано слетување“, изјавил портпарол на спасувачките екипи.

Норвешки хелихоптер и спасувачки возила се испратени на локацијата, но се уште нема комуникација со екипите.