Трамп разговарал со Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, Палм Бич, Флорида, 07.05.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг кој вчера беше избран на нов петгодишен мандат на чело на Комунистичката партија на Кина. Трамп треба да се сретне со Џинпинг во почетокот на ноември во Пекинг во раки на неговата прва азиска турнеја во текот на која во центарот на вниманието ќе биде нуклеарната програма на Северна Кореја.