Шилегов и официјално градоначалник на Скопје, Собчак го налути Кремљ, Иран со жена во трка за Оскар...

МАКЕДОНИЈА - Петре Шилегов (лево), новиот градоначалник на Скопје и неговиот претходник Коце Трајановски, на примопредавањето на должноста, откако Шилегов победи во првиот круг од локалните избори 2017.

РУСИЈА - Ксенија Собчак, руска опозиционерка и можна кандидатка за претседателка на Русија, со телохранители заминува од прес-конференцијата на која изјави дека Крим и припаѓа на Украина и го крена Кремљ на нозе. Нејзината изјава предизвика остра критика од Кремљ, а националистичкиот пратеник Владимир Жириновски рече дека таа треба да оди во затвор поради изјавата

ИРАН - Ексклузивни фотографии од копии од иранскиот филм Нафас (Здив), на иранската режисерка Наргес Ајбар. Светските медиуми објавија дека Ајбар е првата иранска режисерка која Иран официјално ја номинира за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

ГРУЗИЈА - Луле и нож, експонати на изложбата насловена Репресиите во Грузија, отворена во грузискиот главен град Тбилиси. Според локалните медиуми, на кои се повикуваат светските агенции, изложбата е сведоштво за советските репресии во оваа поранешна членка на СССР.

САД - Американскиот претседател Донал Трамп и лидерот на мнозинството во американскиот сенат, Мич МекКонел, поминуваат низ еден од ходниците на Капитол Хил во Вашингтон, додека противници на политиката на Трамп спрема Русија фрлаат кон нив со руски знамиња на кои е испишано името на американскиот претседател.

ИРАН - Графика на иранскиот карикатурист Шакхрох Хејдари насловена „Кога генетиката стана злосторство“. Оваа карикатури, заедно со уште стотици други, се изложени на големата изложба во Техеран по повод 100-годишнината од комунизмот.

ТУРЦИЈА - Демонстранти со транспаренти во рацете протестираа пред Судот во Истанбул, за време на судењето на 11 активисти за човекови права кои турската држава ги обвини за тероризам.

САД - Фотографија од Твитер апликација на смартфон. Од Твитер објавија дека во иднина на својата апликација ќе овозможат повеќе политичко рекламирање, но со назнака кој е нарачателот и која е целната група на рекламата.

СИРИЈА - Сириец превезува дрва до својот дом во градот Доума, кој е под контрола на сириските бунтовници. Светска банка објави дека војната во Сирија ја чини оваа држава 226 милијарди долари, што е 10 пати повеќе од нејзиниот бруто домашен производ регистриран во 2010 година.

ИРАК - Курди во Ирбил пушат наргиле прославувајќи го симболичното изгласување на курдската независност. Курдите, преку своите политички претставници, побараа забрзување на преговорите за нивна целосна независност од Багдад.