Грујевски и Бошковски на суд во Солун, Тилерсон во Авганистан...

ГРЦИЈА - Поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, осомничени од СЈО за нелегално прислушкување, пред судот во Солун. Нивното судење во Грција, каде беа уапсени поради лажни патни исправи, по втор пат беше одложено бидејќи Судот немал преведувач од грчки на македонски јазик.

КИНА - Хостеси ги фрлаат своите капи на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, Кина, за време на Конгресот на Комунистичката партија. На овој Конгрес, лидерот Си Џинпинг доби нов петгодишен мандат како генерален секретар на партијата.

РУСИЈА - Руски православни верници, со фотографии од рускиот цар Николај Втори, протестираа пред киното Марински во Санкт Петербург, пред премиерата на филмот „Матилда“, на рускиот режисер Алексеј Учител. Демонстрантите велат дека во филмот, чија тема е љубовта на царот Николај Втори со примабалерина Матилда Кшешинска, се оцрнува ликот на нивниот цар.

АВГАНИСТАН - Припадник на авганистанските безбедносни сили приведува лице осомничено за употреба на дрога. Властите во Кабул спроведоа голема акција против илегалната употреба на опојни дроги.

АВГАНИСТАН - Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон заедно со американските пилоти во пилотската кабина на воениот авион С-17 леташе кон базата Баграм. Тилерсон беше во ненадејна посета на Авганистан, а веднаш потоа и на Ирак.

РУСИЈА - Актер облечен како рускиот цар Петар Велики му покажува на дете воено оклопно возило од 1919 година, слично на возилото на кое бил качен Владимир Илич Ленин за време на своето историско обраќање пред неговите приврзаници во 1917 година.

ПАКИСТАН - Војници на пакистанската армија позираат пред автомобили олтајмери, на затворањето на изложбата на ваков тип возила, за време на Мотор рели во Исламабад, Пакистан. Овој настан е еден од ретките вакви што се организираат во Пакистан.