Москва реагира на изјавите на Хојт Ји за руско српската соработка

помошникот американски државен секретар Хојт Брајан Ји на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, Белград, 24.10.2017.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека помошникот американски државен секретар Хојт Брајан Ји во текот на престојот на Белград, како што се наведува, си дозволил низа провокативни изјави насочени кон поткопување на руско српската соработка. „Американскиот дипломат грубо барал од Белград да ја преиспита својата соработка со Москва и да се фокусира врз приближувањето кон Европската унија“, наведува руското Министерство, забележувајќи дека Вашингтон „веројатно не знае дека многу членки на Унијата во голема мера соработуваат со Русија“. Вчера Хојт Ји имаше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.