Претседателот Иванов во дводневна посета на Брисел

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, денеска во Брисел ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Шефот на македонската држава в четврток ќе учествува на 19 годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот Кран Монтана. Предвидено е Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната сесија посветена на соседската политика на Европската унија, со посебен фокус на „Иницијативата три мориња“. Претседателот Иванов ќе оствари средбаи со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.