Собчак побара ослободување на политичките затвореници во Русија

Ксенија Собчак

Водителката и активистка, 35-годишната Ксенија Собчак, која најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во Русија, денеска побара ослободување на сите политички затвореници. Собчак ја најави кандидатурата минатата недела, тврдејќи дека Русија е уморна од актуелната политичка елита.

Критичарите, пак, посочуваат дека нејзината кандидатура дополнително ќе ја раситни опозицијата и ќе им даде легитимитет на претседателските избори во март. Ксенија Собчак е ќерка на Анатолиј Собчак, поранешниот градоначалник на Санкт Петерсбург и ментор на претседателот Владимир Путин. Таа е учесничка на антивладини протести и често ја критикува власта, но избегнува да го критикува Путин директно. Путин сè уште не соопшти дали ќе се кандидира, но се очекува да побара нов мандат од граѓаните.