Само САД и Сирија надвор од Парискиот климатски договор

Илустрација: Езерото Никарагва

Никарагва соопшти дека ќе го прифати Парискиот климатски договор, со што надвор од договорот ќе останат само САД и Сирија.

Никарагва беше единствената држава што го отфрли договорот во 2015 година, тврдејќи дека тој не оди доволно длабоко за да го ограничи зголемувањето на температурите.

Договорот има за цел да ги ограничи емисиите на јаглерод диоксид и други гасови за кои научниците веруваат дека придонесуваат кон глобалното затоплување.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јуни рече дека САД ќе го напуштат договорот, а разурнатата од војна Сирија никогаш не го потпиша. Трамп вели дека договорот ќе ги чини САД билиони долари, ќе го намали бројот на работни места и ќе им наштети на нафтената, гасната и производствената индустрија.