Тилерсон бара од Ирачаните и Курдите да ги надминат разликите

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на средба со ирачкиот премиер Хајдар ал Абади, Багдад, 23.10.2017.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за време на ненадејнета посета на Багдад побара од лидерите на Ирачаните и Курдите да почнат разговори за крај на нивниот спор и за намалување на тензиите во земјата. „Имаме пријатели и во Багдад и во Ербил и ги охрабруваме двете страни да влезат во дијалог“, изјави Тилерсон. Ирачките и Курдските лидери не попуштаат во нивните ставови во врска со референдумот за независност на курдскиот северен дел на Ирак. Багдад и Обединетите нации референдумот го прогласија за незаконски.