Хојт Ји во Белград на разговори со Вучиќ

Заменик помошникот на американскиот државен секретар Хојт Брајан Ји

Заменик помошникот на американскиот државен секретар Хојт Брајан Ји во пресрет на денешните разговори во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, на Српскиот економски самит изјави дека Србија мора да испрати јасна порака дека сака да биде членка на Европска унија, „а не да балансира меѓу две страни“.

„Државите треба да изберат страна, без разлика на тоа колку е тоа тешко. Важно е земјата да направи стратешки избор, така што тоа да биде дел од официјалната политика, како што тоа го направи Хрватска, која членството во ЕУ го стави над се или Црна Гора во однос на НАТО.

Тој, осврнувајаќи се врз состојбата во Западниот Балкан, истакна дека САД сакаат овие земји да бидат стабилни за да не предизвикуваат проблеми подоцна. Според него, руската визија за Балканот се разликува од европската. „Врз основа на активностите на Русија во регионот, се чини дека таа сака Балканот да остане слаб и поделен, а не силен и подобро интегриран во ЕУ“, изјави Ји. Тој додаде дека Александар Вучиќ, како претседател и премиер, јасно укажал што е целта на Србија, но и дека сака добри односи со Русија. „Не е многу јасно како тој ова ќе го избалансира“, посочи Ји.