Двајца работници повредени при градежни работи на автопатот Кичево-Охрид

Архивска фотографија: Градежни активности на автопатот Кичево - Охрид

Двајца градежни работници се повредени при изведување градежни работи кај местото Лавчани на автопатот Кичево-Охрид, соопшти МВР.

Работниците од дебарското село Могорче биле удрени од црево што било под дејство на компримиран воздух.

Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево каде што им била укажана лекарска помош. Кај едниот работник биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентниот центар Скопје, а другиот по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.