Фудбалерот Каладѕе стана градоначалник на Тбилиси

Кака Каладѕе, новиот градоначалник на Тбилиси со сопругата

Конечните првични резултати од локалните избори во Грузија покажуваат дека кандидатите од владејачката коалиција се избрани за први луѓе на Тбилиси, Батуми, Поти и Рустави во првиот круг. Во главниот град Тбилиси поранешниот фудбалер на Милан Кака Каладѕе освои 51,13 отсто од гласовите, соопшти денеска Централната изборна комисија. Во вториот по големина град во Грузија, Кутаиси, 48 отсто од гласовите освои кандидатот на владејачката коалиција но таму е неопходен втор круг. Локалните избори во земјата од многумина се гледаат како тест за владејачката коалиција за претседателските избори што треба да се одржат следната година.