Лидерите на НАТО идната година ќе одржат самит во Брисел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг .

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговите колеги од НАТО следниот јули ќе се сретнат на самит во Брисел. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека самитот ќе се одржи на 11 и 12 јули о новото седиште на Алијансата, бо близина на аеродромот во Брисел.

Столтенберг изјави дека состанокот ќе ја зајакне „врската меѓу Северна Америка и Европа на која е заснован нашиот сојуз, како што продолжуваме да го прилагодуваме нашиот сојуз на 21 век.“

Трамп го потсети другите лидери од НАТО на нивниот полседен состанок во мај поради неуспехот да ги исполнат обврските за воените трошоци на НАТО, оставајќи голем дел од товарот на американските даночни обврзници.

Најавата на Столтенберг доаѓа во услови на зголемена загриженост поради засилената загриженост во областите на хибридното и сајбер војување.