МНР потврди дека во Словачка се приведени осуммина македонски државјани

Илустрација

Министерството за надворешни работи потврди дека во Словачка се приведени осуммина македонски државјани, кои работеле во земјата со лажни договори за работа.

Портпаролката на МНР Елена Пресилска за МИА изјави дека на 17 октомври околу 19 часот се приведени 62 лица, меѓу кои и осуммина македонски државјани. Тие се приведени при излегување од фабриката „Shin Heung Precision Slovakia“, во близина на Трнава.

Меѓу приведените, освен осуммината македонски државјани, 23 биле од Србија, 27 од Украина и четворица од Босна и Херцеговина.

Тие по приведувањето биле пренеси во центар за странци во Дубрава, кој се наоѓа во близина на словачко-унгарската граница и кој служи за сместување на лица, кои нелегално живеат или работат во Словачка.

Приведените следниот ден се ослободени и одреден им е рок од седум дена да ја напуштат Словачка, како и забрана за влез во ЕУ.

Српските медиуми вчера јавија за 72 приведени.