Италијанската полиција заплени два тона албанска марихуана

илустрација

Италијанската полиција соопшти дека во провинцијата Фераре запленила два тона марихуана и 10 килограми хашаш натоварени во две комби возила. Во акцијата е уапсен е 19-годишен Албанец од приморскиот град Валона, додека три други лица успеале да и избегаат на полицијата. Дрогата претходно со гумени чамци била прошверцувана од Албанија до италијанскиот брег. Според италијанската полиција, доколку дрогата стигнела на црниот пазар нејзината вредност би достигнала вредност од околу 20 милиони евра. Претходно албанската полиција кај Валона заплени 4,5 тони марихуана, што требало да бидат прошверцувани за Италија.