СЈО очекува брза екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

Специјалното јавно обвинителство е информирано за приведувањето на Горан Грујевски и Никола Бошкоски во Грција. Очекуваат нивна брза екстрадиција од Грција и брзо започнување на судењето.

„Во овој дел од постапката СЈО нема надлежност, но очекуваме екстрадициската постапка да заврши што побрзо, дека обвинетите ќе бидат префрлени во притвор во Македонија и дека судењето ќе започне побрзо“, велат од СЈО за МИА.

Бошкоски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.