Жителите на Дебрца против изградба на регионална депонија

Дебрчани референдумски се изјаснија против изградба на регионална депонија. Граѓаните на Дебрца на референдумот одржан заедно со Локалните избори во неделата се изјаснија „против“ плановите за изградба на Регионална депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје. Според резултатите од референдумското изјаснување, од вкупно 4.625 лица со право на глас во Општина Дебрца, на референдумот гласале 3.149 лица, од кои „против“ депонијата се изјасниле 2.746 или 87 отсто од оние што гласале по однос референдумот. Изградбата на депонијата ја поддржале 297 лица или 13 отсто од вкупно излезените.