Триесетдневен притвор за четворица од напаѓачите на Зијадин Села

Четворица од осомничените за нападот врз пратеникот Зијадин Села за време на крвавите настани во Собранието на 27 април добија по 30 дена притвор. За петтиот уапсен, за кого обвинителството, исто така, предложи определување мерка притвор, поради влошена здравствена состојба судот дополнително ќе одлучи.

Тие се под истрага за сторено кривично дело убиство во обид, што како соизвршители го сториле на 27 април во македонското Собрание. Овие петмина беа уапсени вчера. Претходно, уште во мај, беа уапсени татко и син за обид за убиство на пратеникот Села. Двајцата исто така се во притвор.