Пожарите во Калифорнија уништија десетици плантажи со марихуана

Марихуана

Пожарите кои уништија големи лозови површини на северот на Калифорнија, исто така уништија и десетици плантажи со марихуана. Најмалку 31 плантажи се целосно уништени, на многу други им е нанесена одредена штета, а се очекува нивниот број да порасне кога властите ќе им дозволат на земјоделците да се вратат на имотите.

Пожарите избија во моментот кога фармерите се подготвуваа да почнат со жетвата, имајќи предвид дека од јануари во Калифорнија ќе биде дозволена продажба на марихуана за рекреативна употреба.

За разлика од лозарите, одгледувачите на марихуана не можат да си ги осигураат посевите, зашто тоа растение е на листата на забранети супстанци според федералниот закон.

Сепак, се очекува дека ова нема да има значително влијание на пазарот на марихуана во Калифорнија, имајќи предвид дека има илјадници одгледувачи кои не претрпеа штета.