Вонредната состојба во Турција продолжена за уште три месеци

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Парламентот на Турција соопшти дека ја продолжува вонредната состојба во земјата за уште три месеци. По минатогодишниот обид за државен удар, во Турција беше воведена вонредна состојба, која досега беше продолжувана во неколку наврати, а чиј рок истекува на 19 октомври. За неуспешниот обид за преврат, што се случи во текот на ноќта на 15 јули, турски власти го обвинуваат исламистичкиот проповедник Фетухах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД. Досега турските власти отпуштија од работа над 150.000 лица кои беа вработени во државниот сектор и војската, а беа уапсени над 50.000 лица, кои се осомничени за поврзаност со огранизацијата на Ѓулен.