Приведени уште пет лица за нападот на Села во Собранието

јавно обвинителство Скопје, архивска снимка

Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата и приведе уште пет лица за нападот на пратеникот Зијадин Села, што се случи за време на насилствата во Собранието на Македонија на 27 април годинава. Петте лица, како што посочуваат од Обвинителството, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денов Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица. Претходно, ОЈО на 10 мај годинава поведе истрага за две лица, татко и син, за кои е утврдено дека учествувале во нападот врз Села на 27 април. На двајцата тогаш им беше одредена мерка притвор.