Јункер и Меј за забрзана спогодба за Брегзитот

британската премиерка Тереза Меј

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и британската премиерка Тереза Меј договорија да се забрзаат напорите за постигнување спогодба за Брегзитот. Меј пристигна во ненадејна посета на Брисел на вонредни состаноци со раководството на Европската унија во надеж да ги обнови преговорите околу излегувањето на Британија од Унијата. Претходно главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние предупреди дека последната рунда од разговорите меѓу двете страни завршила со „вознемирувачки прекин“ во врска со британските финансиски обврски спрема Унијата.