ЕУ со нови санкции против Северна Кореја

Седиштето на ЕУ

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ги усвоија новите санкции за Северна Кореја, поради, како што соопштија, прекршување и фундаментално непочитување на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН во врска со нуклеарната програма на земјата. Санкциите вклучуваат целосна забрана на продажба на рафинирани нафтени деривати и сурова нафта од Северна Кореја, при што се намалени и сумите на исплатите кон земјата од сегашните 15.000 евра на 5000 евра.

Согласно новите мерки три лица и 6 ентитети поврзани со режимот во Северна Кореја се додадени на црната листа со што им се забранува да патуваат во ЕУ и им е замрзнат имотот. Санкциите веднаш стапуваат на сила. ЕУ соопшти дека новите чекори биле преземени поради "постојаната закана за меѓународниот мир и стабилност" од страна на режимот на Ким Јонг Ун.