Приведени 19 лица за време на гласањето на изборите

Граѓани гласаат на локалните избори во Скопје.

МВР соопшти денеска дека во текот на вчерашниот ден за време на изборниот процес биле приведени 19 лица. Според министерството, 10 лица се приведени по основ на фотографирање на избирачко место, при што случаите се расчистени и ќе бидат поднесени прекршочни пријави по основ на Изборниот законик.

Во Битола се приведени 3 лица поради сомнение за давање поткуп при гласање, додека против други три лица, како што наведуваат од МВР, се поднесени прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир. Од МВР истакнуваат дека поднесени се и три кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на избирачко право“.