Најмалку 27 загинати во пожарите во Португалија

Најмалку 27 луѓе загинале во пожарите во централниот и западниот дел на Португалија, информираат од тамошната Агенција за цивилна заштита. Портпаролката на агенцијата, Патриција Гашпар, денеска изјави дека има неутврден број на исчезнати. Таа информира дека пожарникарите во моментов се борат против 145 пожари, од кои 32 се сметаат за сериозни.

Пожарите полесно се шират поради долготрајната суша и високите температури кои надминуваат 30 степени.

Пожари во кои има најмалку тројца загинати има и во провинцијата Галиција во северозападна Шпанија.

Португалија годинава беше погодена од повеќе пожари, меѓу кои и оној во јуни кога загинаа 64 луѓе.