На претседателските избори во Киргистан победи кандидатот на власта

Соронбај Џенбеков

На претседателските избори во Киргистан победи кандидатот на владејачката партија Соронбај Џенбеков, кој според првичните резултати, освоил 55 насто од гласовите. На втор место е еден од најбогатите луѓе во земјата Омурбек Бабанов, кандидат на коалицијата на националистите и либералите. И Џенбеков и Бабанов беа премиери на Киргистан во последните шест години, во време на мандатот на претседателот Алмазбек Атамбаев. Претседателот на Киргистан се избира на период од шест години, а уставот на оваа поранешна советска република на дозволува втор претседателски мандат.