Истекува рокот за разјаснување дали Каталонија прогласи независност

каталонскиот претседател Карлес Пучдемон

Шпанската влада му даде рок на каталонскиот претседател Карлес Пучдемон до денеска изутрина да разјасни дали тој прогласил независност на Каталонија или не по одржаниот референдум. Доколку Пучдемон одговори дека прогласил независност, тогаш Мадрид му даде рок до 19 овој месец да се повлече или ќе се соочи со можноста од суспендирање на автономијата на Каталонија. Доколку Пучдемон изјави дека не прогласил независност тогаш тој ќе се соочи со противење од сепаратистите во Каталонија кои би можело да побараат нови регионални избори.