ДИК: СДСМ води во 49, ВМРО-ДПМНЕ во 10, а ДУИ во 12 општини

од гласањето на локалните избори во Македонија, Скопје, 15.10.2017.

Според првичните резултати што синоќа ги соопшти Државната изборна комисија, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 49 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 10 општини, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини. До еден часот по полноќ во ДИК обработени се 60,59 проценти од гласовите. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, соопштувајќи дел од изборните резултати, оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера. „Во текот на денот избирачките одбори во општинските изборни комисии се соочуваа со по некој технички проблем, но ДИК преку соодветни упатства ги надмина и сметам дека генерално имавме успешен изборен ден, рече Чичаковски. ДИК во рок од 12 часа по затворањето на избирачките места треба да ги даде првичните резултати, а според најавите на Чичаковски се очекува денеска околу 11 или 12 часот да излезат со првични резултати.