Финален напад на Сириските демократски сили (СФД) во Рака

Архива - Сириските демократски сили (СФД) во градот Рака.

Силите сили поддржани од САД соопштија дека го запачнале нивниот „конечен“ напад за искоренување на милитантите групата на Исламската држава (ИД) во сирискиот северен град Рака.

Сириските демократски сили (СФД) денеска соопштија дека ја започнале офанзивата по договорот за „евакуација на останатите цивили од градот и по обезбедувањето гаранција за предавање на 275 платеници и нивните семејства.“

Останува нејасно уште колки милитанти се останати во градот, во кој речиси четири месеци оперираше колацијата СФД предводена од Курдите.

Портпаролот на СФД Талал Сило изјави дека се ослободени околу 90 проценти од градот Рака. Тој исто така додаде дека борците на ИД даваат голем отпор во голем број населби во градот.

Губењето на Рака, кој де факто е главен град на самопрогласениот калифат, ќе деносе голем удар за групата на ИД.