Во општина Тетово се гласа без проблеми

илустрација

Сите 117 избирачки места во општина Тетово на кои можат да гласаат вкупно 82.798 гласачи се отворени навремено по што е започнато гласањето за лолакните избори. Според општинската изборна комисија сите избирчки одбори успеале точно во 7 часот да ги подготват изборните материјали. „До 10 часот во рамки на општина Тетово гласале вкупно 4.003 гласачи што претставува 4,83 отсто од вкупниот број избирачи за нашиот реон“, информираше Артан Адеми, претседател на општинската изборна комисија Тетово. Тетовци имаат можност да избираат 5-мина кандидати за градоначалник.