Албанскиот Парламент го усвои Законот за малцинства

Албанскиот Парламент по повеќечасовна расправа синоќа го усвои Законот за заштита на малцинствата.

Најгласен против текстот на законот беше пратеникот Вангел Дуле, од грчкото малцинство, кој смета дека законот не е во согласност со меѓународните конвенции.

Со усвоениот закон, за разлика од првичната верзија, со која се признаваа осум национални малцинства Македонци, Власи, Грци, Египќани, Срби, Бошњаци, Црногорци и Роми, внесено е постоењето и на бугарско национално малцинство.

И македонското друштво „Илинден“, и единствената македонска партија, МАЕИ, остро реагираа и бараа да не се прзинава бугарско малцинство, зашто, како што истакнуваат, во Албанија единствено живеат Македонци а не Бугари.