МВР апелира на почитување на изборните правила

Македонска полиција, МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до политичките партии и нивните симпатизери да ги почитуваат изборните правила, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир, бидејќи секакво однесување спротивно на законите МВР нема да го толерира.

" МВР ќе преземе се што е потребно в недела, 15 октомври, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата политичка волја", соопшти попладнево МВР.

Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека во најкус можен рок ги расчистиле сите изолирани инциденти кои се случија во предизборната кампања и најавува дека на ист енергичен начин ќе се постапува и во преостанатиот период, како и на самиот ден на изборите.