Кризата со Каталонија ќе се одрази на шпанската економија

Шпанската вицепремиерка Сораја Саинз де Сантамарија

Шпанската економија наредната година веројатно ќе оствари помал раст од претходно планираното поради неизвесноста околу Каталонија, рече денеска шпанската вицепремиерка Сораја Саинз де Сантамарија.

Референдумот за независност на Каталонија ја втурна Шпанија во најголемата политичка криза по обидот за воен удар во 1981 година.

„Ако нема брзо решение за ова прашање, ние ќе бидеме принудени да ги намалиме очекувањата за економскиот раст во 2018 година“, рече Саинз де Сантамарија по редовната владина седница.

Шпанија предвиде економскиот раст догодина да биде 2,6 отсто.

Вицепремиерката исто така рече дека хотелските резервации во Каталонија се намалени за 20 до 30 проценти.