Се урна воен авион во Шпанија, загина пилотот

Илустративна фотографија.

Пилотот загина кога се урна воен авион во југоисточна Шпанија, на враќање од воената парата организирана по повод националниот ден, соопшти портпаролот на шпанското Министерство за одбрана.

Авионот што се урна бил еден од четирите што учествуваше на парадата. Авионот Еурофајтер се урнал во близина на Љанос де Албасете на околу 300 километри југоисточно од Мадрид. Пилотот немал време да се катапултира. Се истражуваат причините за несреќата.