Шпанија го слави националниот ден среде каталонската криза

Архивска фотографија: Шпанскиот крал Фелипе Четврти

Со паради на војската и полицијата, Шпанија денеска го прославува националниот ден во време на една од најголемите кризи кои ја потресуваат земјата по заканите на каталонските политичари дека ќе прогласат независност.

Кралот Фелипе Четврти ќе присуствува на парадата.

Шпанската влада чека официјален одговор од каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон дали прогласил незавиност, по што Мадрид може да ја укине автономијата на Каталонија.

Пуџдемон во вторникот изјави дека врз основа на референдумот потпишал проглас за независноста на Каталонија, но веднаш го суспендира за да даде време за преговори со шпанската влада.