Могерини очекува прогрес во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини

Високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини во Брисел изјави дека Унијата, Белград и Приштина работат на утврдување на содржината на „новата фаза на дијалог“ во декември и оти очекува „квалитетен скок“ во нормализацијата на двете страни во текот на идната година. Ова таа го рече на прес конференцијата со премиерката на Србија Ана Брнабиќ која изјави дека договорот да се подигне нивото на дијалогот на ниво на претседатели е соодветно со оглед на тоа што преговорите се поместуваат од дневните политички теми.