САД уште чекаат објаснување за апсењето нивни вработени во Турција

Американскиот амбасадор во Анкара Џон Бас

САД сè уште чекаат објаснување од Анкара за притворањето вработени во американскиот конзулат во Истанбул, рече денеска амбасадорот Џон Бас. Тој рече дека Вашингтон нема намера да ги наруши своите долгогодишни односи со Анкара, нагласувајќи дека соработката меѓу двете земји, членки на НАТО, помогна во намалувањето на терористичките напади во Турција.

САД го прекинаа издавањето визи за турски државјани откако властите во Анкара уапсија двајца турски државјани вработени во конзулатот во Истанбул под обвиненија за шпионажа. Турција возврати со прекинување на визните услуги во САД.