Мадрид: лидерот на Каталонија не знае каде се наоѓа и каде оди

Вицепремиерката на Шпанија Сораја Саенс де Сантамарија

Вицепремиерката на Шпанија Сораја Саeнс де Сантамарија оцени дека лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон не знае каде се наоѓа и каде оди, откако во каталонскиот парламент беше потпишана декларација за независност која веднаш потоа е суспендирана. Таа додаде дека за денеска е закажана вонредна седница на шпанската влада на која ќе се разговара за одговорот на каталонската одлука. Пучдемон потпиша синоќа декларација за независност на Каталонија од Шпанија, која потоа ја суспендира. Во документот се наведува дека се формира „Република Каталонија како независна, суверена и правна држава“. Но, потоа тој ја суспендира примената на декларацијата повикувајќи на дијалог со централните власти.